VODEN Macedonia | бесплатна достава за порачки над 6000 ден.

1. Општи одредби

1.1. Кој може да биде купувач

Клиенти на веб-страницата на продавницата “Воден” можат да бидат физички лица кои имаат државјанство на Република Северна Македонија.

1.2. Плаќање за производот

Купувачот се согласува дека средствата платени во име на плаќање за производот безусловно да се префрлаат во сопственост на Воден Македонија.

1.3.1. Внесување на износот на купување

Сите плаќања ќе бидат направени во денари (МКД).

Сите цени се прикажани со ДДВ

1.3.2. Преглед на уплатницата, потврда на уплатницата за плаќање и плаќање

Со внесување на податоците во формуларот (податоци на уплатувачот, податоци за платежната картичка и износ) и потврдување на соодветното копче, уплатувачот го потврдува избраниот износ на купување, по што тој ќе биде пренасочен кон нарачката за набавка. Налогот содржи преглед на основните детали поврзани со купувањето: износот и информациите на уплатувачот. Пред да ја потврдите нарачката за купување, можете да ја откажете исплатата или да направите промени во плаќањето.

Со потврдување на налогот за купување, уплатувачот врши плаќање за купената стока.

После тоа, ако трансакцијата биде успешна, на уплатувачот ќе му биде прикажано известување дека плаќањето е успешно извршено, а потоа ќе добие потврда за плаќањето на е-маил адресата што ја навел.

Во случај трансакцијата да е неуспешна, на уплатувачот ќе му биде прикажано известување за неуспешното плаќање.

Воден Македонија има право да ги провери сите документи кај надлежните институции и власти. Целата одговорност за точноста и автентичноста на податоците кои се користат во извршувањето на плаќањето ја носи членот кој ја врши уплатата. Фалсификувањето, изменувањето и злоупотребата на овие документи е кривично дело. Во случај на злоупотреба, Воден Македонија ќе обезбеди пристап до податоците на корисникот до надлежните државни органи.

Сите податоци на членовите собрани преку формуларот за барање, со пополнување на нарачката (образец за плаќање), ќе бидат чувани од страна на Воден Македонија со добра волја и нема да бидат дадени на други лица освен на надлежните државни органи во случај на злоупотреба или фалсификување.

Информациите за платежната картичка што уплатувачот ги внесува при вршење на плаќањето се видливи само за процесорот на платежната картичка. Воден Македонија до податоците на плаќачката картичка на уплатувачот во било која фаза од уплатата.

1.3.3 Услови за испорака

Време на испорака од 3 до 7 работни дена. Испораката се врши преку курирска служба.

Цената на испорака на територијата на Р. С. Македонија е 160 денари. За купување над 6000 денари, испораката е бесплатна.

1.4. Заштита на доверливи податоци за трансакции

При внесување на податоци од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со користење на SSL протокол и PCI DSS системот, кој во моментов е најмодерната криптографска технологија.

Безбедноста на податоците за време на купувањето е гарантирана од страна на процесорот на платежната картичка на Централна Кооперативна Банка АД Скопје така што целосниот процес на плаќање се врши на нивната веб-страница. Во ниту еден момент деталите за платежната картичка не се достапни за нашиот систем.

1.5. Жалби

Во случај на било какви проблеми поврзани со плаќање, обврзникот може да поднесе жалба на е-маил адресата: info@voden.mk

1.6. Враќање на стоката

Враќање на платениот износ е можно во случај кога плаќањето е направено преку злоупотреба на платежната картичка од страна на трети лица, или во случај кога погрешниот износ на купувањето бил внесен за време на плаќањето, во согласност со постапката пропишана во овие Услови за користење.

Во случај на неточни износи, потребно е да се поднесе скенирано писмено и образложено барање за враќање на платената сума, во слободна форма и потпишано од страна на носителот на платната картичка, во рок од 120 дена од исплатата, на е-маил адреса : info@voden.mk Заедно со барањето, потребно е да се достави е-маил со потврда за извршената трансакција, скенирана лична карта на сопственикот на картичката и телефон за контакт.

Уплатувачот ќе биде контактиран од Воден Македонија во рок од 30 работни дена од добивањето на соодветното барање. Средствата кои се вратени ќе можат да му бидат исплатени на обврзникот само на сметката која е поврзана со платежната картичка со која е направена исплатата.

Рефундирањето се врши исклучиво преку методите на плаќање на VISA, Master Card и Maestro, што значи дека банката ќе ги врати средствата на сметката на сопственикот на картичката по барање на Воден Македонија.

Барања за рефундирање направени по истекувањето на периодот од 120 дена од денот на плаќање на производот или на адреса различна од адресите наведени тука, нема да бидат разгледани.

2.Политика за заштита на приватноста

Компанијата се обврзува и гарантира зачувување и заштита на приватноста на податоците на сите членови преку овој сајт. Воден Македонија ги собира само потребните податоци за членовите и податоците потребни за бизнис и информирање на членовите во согласност со добрите деловни практики и со цел да се обезбеди квалитетна услуга. Сите податоци за членовите се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Сите вработени и соработници на компанијата се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста.

Компанијата се обврзува да не ги користи податоците за било која друга цел освен за овластување на членовите. Членот може во секое време да побара да престане да прима информации и пораки од Воден Македонија, а Воден Македонија е обврзана да дејствува во согласност со неговото барањe.

2.1.Основни информации за компанијата

Оксфорд Еден Уан ДООЕЛ

Адреса: св. Јоаким Осоговски 152, 1330 Крива Паланка

Телефон: 079 342 994

Даночен бр. 4015015504023

Тековна сметка во Централна Кооперативна Банка АД Скопје: 320100025292848

2.2 Работа со клиенти

Одговорно лице: Тања Димитровска-Шкрбиќ

Телефон: 071 30 90 30

Е-пошта: info@voden.mk

3. Заштита на интелектуалната сопственост

Содржината прикажана на овој сајт, како што се текстови, фотографии, логоа, видео и аудио снимки, дизајни (банери и икони), е сопственост на Воден Македонија и не може да се користи без претходна писмена согласност на компанијата.

4.Комуникација со корисниците

Целата комуникација помеѓу купувачот и продавницата се одвива преку е-маил адреса: info@voden.mk

5.Валидност и измена на Условите за користење

Во однос на плаќањето, се применуваат Условите за користење кои биле на сила на денот на плаќањето. Компанијата го задржува правото да ги промени Условите за користење во секое време. Условите стапуваат во сила на денот на објавувањето на веб-страницата www.voden.mk

Updating…
  • Нема продукти во Кошничката.
Листа на чекање Оставете ја вашата валидна емаил адреса доколку сакате да ве известиме кога производот ќе се врати на залиха. Количината е ограничена, приоритет имаат клиентите запишани на листа на чекање.