VODEN Macedonia | бесплатна достава за порачки над 6000 ден.

Ние сме филтерот помеѓу технологијата и луѓето.

Најдобрите технологии на филтрација ги приближуваме до твоето секојдневие.

Нашите клиенти се не само физички лица, туку и повеќе од 300 реномирани компании.
Voden O nama logo Voden O nama logo 1 Voden O nama logo 2 Voden O nama logo 3 Voden O nama logo 6 Lidl Logo HTEC Logotype black 1 1 Generali logo path20 OTP Bank logo.svg 1

Знаењето преточено во решение

Денес знаењето го претвораме во производи кои ја олеснуваат твојата секојдневница..

ЕКСПЕРТИЗА

Професионално знаење за филтрација пренесено во вашиот дом

Работевме во средини каде што прецизноста е императив и нема место за грешка. Од таквите системи ја носиме технологијата на која можете целосно да се потпрете.

Фармацевтско производство
Фармацевтско производство

Развивавме системи за филтрација на вода и процесни течности во фармацевтското производство, вклучувајќи контрола на бактерии и стерилна филтрација.

Прехранбена индустрија
Прехранбена индустрија

Работевме на системи за филтрација на храна и пијалаци кои ги отстрануваат честичките и микроорганизмите, притоа зачувувајќи го квалитетот на производот.

Voden систем за филтрација на вода
Фабрики за вода, винарии, пиварници
Фабрики за вода, винарии, пиварници

Проектиравме решенија за филтрација на флаширана вода, вина и пиво, од предфилтрација и бистрење до микробиолошка стабилизација.

Строга контрола на водата
Строга контрола на водата

Развивавме повеќестепени системи за процесна вода, од отстранување на седименти и честички до заштита од микробиолошка контаминација.

Го увидовме апсурдот

Во индустријата се продава експертиза, а во домаќинствата „магла“.

Img 1
Проблем

Пресврт

Идејата за Воден настана кога пластиката, BPA и флататите станаа тема за сериозни научни истражувања. Што повеќе дознававме, се помалку можевме да го игнорираме проблемот кој ни беше пред очи.

Фрустрација

Само два избора

Се откажавме од флашираната вода и тргнавме да бараме филтер за своето семејство. Пазарот ни нудеше само две крајности. Реверсна осмоза или бокал. Ниту едно од двата избора не беше она што го баравме.

Филозофија

Едукација, а не страв

Пазарот на филтрацијата со години е граден врз база на манипулации, страв и митови. Воден го градиме врз база на науката, транспарентноста и едукацијата. Веруваме дека квалитетната филтрација не треба да биде завиткана во митови, туку секој да има право да знае што внесува во својот организам.

Решение

Стандард, а не луксуз

Бидејќи не најдовме производи кои би ги користиле секој ден, го создадовме Воден – спој на професионална филтрација, современа технологија, врвен дизајн и достапност, за квалитетната вода да стане стандард.

ИНЖЕНЕРИНГ

Како настануваат Воден производите?

Materijali Voden 1
Материјали
Бираме проверени и сертифицирани материјали со висок квалитет.

Screenshot 2026 07 15 at 15.55.43 1

Konfiguracija filtracije Voden 1
Конфигурација на филтрацијата
Не користиме генерички решенија.
Развиваме конфигурации според реалните проблеми со водата.
Frame 12 4 1 1
Testiranje Voden 1
Тестирања
Сите производи поминуваат низ повеќекратни проверки на перформансите и квалитетот.
Proizvodnja Voden 1 1
Производство
Соработуваме со големи светски фабрики и партнери со меѓународни сертификати и стандарди.

Screenshot 2026 07 15 at 15.55.43 2

Rectangle 4465 1 1

Ние не сме фабрика. Ние сме филтерот помеѓу технологијата и луѓето.

Нашата работа е да ги споиме најдобрите светски технологии, сертифицираните материјали и иновациите во производи што решаваат реални проблеми. Постојано ги тестираме конфигурациите за филтрација, ги следиме научните сознанија и производството им го доверуваме исклучиво на фабрики што ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди. За нас, технологијата е само алатка, нашето искуство и бескомпромисните стандарди се она што го дефинира квалитетот на водата.

Создаваме производи што и самите ги користиме, како и решенија што ги менуваат навиките.

Не се водиме од минливи пазарни трендови, туку креираме решенија што и самите би ги користеле секојдневно. Први покренавме важни теми на нашиот пазар – од значењето на минералите во водата и филтрите за туширање како дел од негата, па сè до воведувањето на врвниот челик од типот 316L. Горди сме што овие теми денес стануваат стандард, бидејќи нашата цел никогаш не била само да продаваме производи, туку навистина да ги менуваме навиките.

Rectangle 4465 2

ВО ШТО ВЕРУВАМЕ

Нашата филозофија е едноставна.

Не веруваме во маркетинг без покритие

Не веруваме во маркетинг без покритие, митови и продажни трикови. Веруваме во чиста наука, факти и транспарентност, бидејќи потрошувачите имаат право на вистината за водата што ја пијат.

Купувачот на прво место

Веруваме дека можете да бидете добар продавач, а сепак да ги ставите потребите на купувачот на прво место.

Достапен премиум квалитет

Не сметаме дека врвниот квалитет треба да биде резервиран за мал број луѓе.
Веруваме дека квалитетот треба да биде достапен за сите.

КАДЕ ОДИМЕ?

Денес, Воден не е само производ.

Тоа претставува заедница на луѓе од повеќе од 20 земји, кои одлучиле да преземат контрола врз она што го пијат и го користат секојдневно.

pulsing dots on world map 1 1
Листа на чекање Оставете ја вашата валидна емаил адреса доколку сакате да ве известиме кога производот ќе се врати на залиха. Количината е ограничена, приоритет имаат клиентите запишани на листа на чекање.
Updating…
  • Нема продукти во Кошничката.