1. Општи одредби
1.1. Кој може да биде купувач
Купувачи на веб сајтот на voden.mk можат да бидат физички лица државјани на Р.С. Македонија.
1.2. Плаќање на производите
Купувачот се согласува паричните средства кои ќе ги уплати за плаќање на производи безусловно ќе прираднат на voden.mk.
1.3.1. Приказ на износот на производите
Сите плаќања се вршат во националната валута на Р. С. Македонија- денар (МКД).
Како информативна слика на цената во други валути ќе се користи средниот курс на Народната Банка на Р.С. Македонија. Износот кој ќе се наплати од вашата платежна картичка ќе биде изразен во вашата локална валута преку промена на истата по курс кој го користат банките, а кој на нас во моментот на трансакција нема да ни биде познат. Доколку вашата платежна картичка не е поврзана со денарска сметка, износот на трансакцијата во денари ќе биде пресметан според курсот на вашата банка, односно издавачот на платежната картичка. Како резултат на овие промени може да се јави незначителна разлика во однос на цените наведени на нашиот сајт.
Сите цени се дадени со пресметано ДДВ.
1.3.2. Преглед на уплатницата, потврда на уплатницата и плаќање
Внесувањето на податоците во формуларот (податоци за уплата, податоци за платежна картичка и сума) и потврдување на соодветното копче, плаќачот го потврдува одобрениот износ на купувањето после кое ќе биде насочен кон нарачката. Нарачката содржи преглед на основните детали во врска со купувањето: износот и податоците на плаќачот. Пред да ја потврдите нарачката можете да се откажете од плаќањето или да направите промена во врска со уплатата.
Со потврдување на нарачката, уплатувачот врши плаќање за купената стока.
Потоа, доколку трансакцијата е успешна, на уплатувачот на членарината ќе му биде прикажано известување дека плаќањето е успешно извршено, а потоа ќе добие потврда за извршеното плаќање на е-мејл адресата што ја навел.
Во случај трансакцијата да не е успешна, на уплатувачот ќе му биде прикажано известување за неуспешното плаќање.
.
Воден Македонија има право да ги провери сите документи кај надлежните институции и органи. Целата одговорност за точноста и автентичноста на податоците што се користат при плаќање на членарината ја сноси членот што ја врши уплатата. Фалсификувањето, менувањето и злоупотребата на овие документи е кривично дело. Во случај на злоупотреба, Воден Македонија ќе им овозможи пристап до податоците на корисникот на надлежните државни органи.
Воден Македонија ќе ги чува сите податоци за членовите собрани преку формуларот за нарачување, со пополнување на Формуларот за нарачка (Формулар за плаќање) со добра намера и нема да ги пренесе на други лица освен на надлежните државни органи во случај на злоупотреба или фалсификување на документи.
Податоците од платежната картичка внесени од страна на плаќачот за време на плаќањето се видливи само за процесорот за платежни картички на Стопанска Банка АД Скопје. Воден Македонија нема пристап до податоците од платежната картичка на плаќачот во ниту една фаза од плаќањето на членарината.
1.3.3 Услови за достава
Време на испорака од 3-7 работни дена. Достава преку курирска служба ЕЛС.
1.4. Заштита на доверливите информации за трансакциите
При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите податоци се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптувана) форма со употреба на најсовремена технологија за заштита на податоци и информации при on line плаќање.
Стопанска Банка АД Скопје гарантира за сигурноста на податоците при купување и целиот процес за наплата се одвива преку нивната официјална страна. Во ниту еден момент податоците од платежната картичка не се достапни во нашиот систем.
1.5. Рекламации
Во случај на евентуални проблеми во врска со плаќањето, клиентот може да направи рекламација на email адресата: info@voden.mk
1.6. Враќање на средства
Враќањето на платениот износ е можно само во случај плаќањето да е извршено со злоупотреба на платежната картичка од страна на трети лица или во случај кога при плаќањето е внесен погрешен износ на купување, во согласност со постапката пропишана во овие Услови за користење.
Во случаи на неточни износи, потребно е да се достави скенирано, писмено и образложено барање за враќање на платениот износ, во слободна форма и потпишано од сопственикот на платежната картичка, во рок од 120 дена од плаќањето, на електронската адреса info@voden.mk или по пошта на адресата ул. Св. Јоаким Осоговски 162, 1330 Крива Паланка. Заедно со барањето, потребно е да се достави имејл со потврда за завршената трансакција, скенирана лична карта на имателот на картичката и контакт телефонски број.
Уплатувачот на членарината ќе биде контактиран од Воден Македонија во рок од 30 работни дена од приемот на соодветното барање. Воден Македонија ќе може да ги исплати средствата што се враќаат на лицето кое ја плаќа членарината само на сметката поврзана со платежната картичка со која е извршено плаќањето на производите.
Повратот на средства се врши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro методите на плаќање, што значи дека банката ќе ги врати средствата на сметката на имателот на картичката на барање на Воден Македобнија.
Барањата за враќање на средства поднесени по 120 дена од плаќањето на производот или на адреса различна од оние наведени овде нема да бидат разгледани.
2. Заштита на приватност
Воден Македонија се обврзува и гарантира за складирање и заштита на приватноста на податоците на сите членови преку оваа страница. Воден Македонија собира само неопходни податоци за членовите и податоци неопходни за работење и информирање на членовите во согласност со добрите деловни практики и со цел обезбедување квалитетна услуга. Сите податоци за членовите се чуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Сите вработени и соработници на Воден Македонија се одговорни за почитување на принципите за заштита на приватноста.
2.1 Основни податоци за компанијата
Воден Македонија
Официјален увозник – ДИСЈТУ Оксфорд Еден -Уан ДООЕЛ Крива Паланка
Адреса: Ул. Св. Јоаким Осоговски бр.152
1330 Крива Паланка
Телефон: 079-342-994
ДДВ Број МК4015015504023
Тековна сметка: Централна Кооперативна Банка 320-1000252928-48
Стопанска Банка 200-0042558771-26
2.2 Кориснички сервис
Одговорно лице: Тања Димитровска – Шкрбиќ
Телефон: 071 30-90-30
E-mail: info@voden.mk
3.Заштита на интелектуална сопственост
Содржината прикажана на оваа страница, како што се текстови, фотографии, логоа, видео и аудио снимки, дизајн (банери и икони), е сопственост на Voden и не може да се користи без претходна писмена согласност од Voden.
4. Комуникација со корисниците
Севкупната комуникација на купувачите и Воден Македонија се одвива преку емејл адресата: info@voden.mk
5. Важност и измени во условите за користење
Во однос на плаќањето, се применуваат Условите за користење што важеле на денот на плаќање на нарачката. Воден Македонија го задржува правото да ги промени Условите за користење во секое време. Условите за користење стапуваат на сила од денот на објавување на веб-страницата www.Voden.mk.
6. Изјава за конвертирање
All payments will be effected in Macedonian currency – denar (MKD). The amount your credit card account will be charged for is obtained through the conversion of the price from Euro into Macedonian denar according to the current exchange rate of the Macedonian National Bank. When charging your credit card, the same amount is converted into your local currency according to the exchange rate of credit card associations. As a result of this conversion there is a possibility of a slight difference from the original price stated in our web site




